Истражувања на локалитетот Врбјанска Чука во Пелагонија

Август 2017

Пополека ги привршуваме овогодишните истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија. Ја доистражуваме една од најголемите неолитски градби во Македонија (околу 120 метри квадратни) и во неа пронајдовме нови стопански структури за чување и обработка на жито, како и движен материјал што го потврдува ранонеолитското датирање на оваа населба.

Во истражувањата учествуваат стручњаци и студенти од Германија (Слободниот универзитет во Берлин), Словенија (Универзитетот при Приморска), Чешка (Универзитетот на Јужна Бохемија) и Македонија (ЦИП, Завод и музеј – Прилеп, Институт за старословенска култура, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј). Покрај ископуввањето, со нив вршевме и геодетско документирање со тотална станица, анализа на градежните техники, археоботанички анализи, дронско снимање и работилница за ГИС. Со колегите од Полска направивме геомагнетно скенирање на две тумби во близина на Врбјанска и добивме фасцинантни резултати за организацијата на овие предисториски населби.

Истражувањата продолжуваат и понатаму со лабораториските анализи во Шпанија, Швајцарија, Чешка, Англија, Србија и Македонија, а резултатите ќе ги презентираме во повеќе списанија и конференции.