Семинар за балканскиот неолит на Универзитетот во Берн

25.05.2017 (09:15)

Институт за археолошки науки при Универзитетот во Берн

Покрај тоа што соработува и инкорпорира методи и сознанија од европските универзитети, ЦИП истите ги запознава со македонското предисториско културно наследство и ги вклучува во неговото проучување. Во текот на мај ЦИП одржа семинар на Универзитетот во Берн во кого швајцарските студенти и магистранти го проучуваа балканскот неолит, археолошка област која се’ уште не е присутна во нивните студии. Тие ги презетираа своите повеќемесечни истражувања и резултатите се одлични! На повидок е нова генерација археолози што многу добро ги познава неолитската хронологија, антропоморфните претстави и процесот на формирање идентитети меѓу неолитските заедници на Балканот и особено во Македонија.