„The First Harvesters: early evolution of crop harvesting techniques in the Mediterranean"

25.01.2018 (14:00)

Музеј на град Скопје

Почитувани,
би сакале да ве известиме дека на 25.01.2018 (14:00) во Музеј на град Скопје ќе се одржи предавањето со наслов „The First Harvesters: early evolution of crop harvesting techniques in the Mediterranean". Предавањето ќе го одржат Николо Маѕуко (Француски центар за научно истражување) и Хуан Хибаха (Шпански национален совет за истражување) и во него ќе се концентрираат на технолошката еволуција што ја следи појавата на земјоделството во неолитот.
Посебен акцент ќе се стави на неолитските популации што од Блискиот Исток кон Европа носат доместицирани житарици, како и технологии, алатки и знаење неопходни за нивно култивирање, жнеење, чување, процесирање и конзумирање. Во текот на предавањето ќе се истакнат и алатките користени во земјоделството и начинот на нивно производство и употреба.
Овој настан е во организација на Центарот за истражување на предисторијата и Музеј на град Скопје, а се реализира како резултат на соработката со Шпанскиот национален совет за истражување со кого се врши анализа на технологиите користени при изработката и производството на земјоделските алатки користени во неолитските населби во Македониија.