Изложба за неолитските мајки и бебиња на Балканот

Март, 2017

Универзитет во Нови Сад

Во рамките на проектот „BIRTH: Prehistoric fertility in the Balkans between 10 000 - 5 000 cal BC“ се реализираше соработка меѓу ЦИП и Институтот Биосенс што резултираше со изложба. Изложбата „Ново доба: животот на мајките и бебињата во неолитот на Балканот“ се постави во ректоратот на Универзитетот во Нови Сад. Во неа се презентирани тековните резултати од хронолошките и од остеолошките анализи што овозможуваат детектирање на неолитските палеодемографски процеси во Македонија, како и од антрополошките анализи на неолитските мајки и бебиња што даваат увид во болестите, стресовите, патологијата, бременоста и исхраната на овие индивидуи. Притоа, изложени се повеќе неолитски артефакти што прикажуваат мајки со бебиња, како и други наоди што се однесуваат на животот во неолитските куќи. Во рамки на оваа изложба ЦИП заедно со Институтот Биосенс обезбеди 3D анимации и илустрации на неолитските модели на куќи од Македонија коишто се резултат од фотограметриското документирање на неолитските модели на куќи во Музеј на град Скопје, ЗЗСКМ – Прилеп и Завод и музеј – Битола.