publishing/ Центар за истражување на предисторијата | ЦИП

Prehistoric Wetlands and Lakes – меѓународен научен собир

11.05.2016 – 17.05.2016

Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Музеј на град Скопје, Завод и музеј – Битола и Милениум палас хотел

Во периодот од 11-17 мај ќе се одржи меѓународниот научен собир ‘Prehistoric Wetlands and Lakes: bringing forward dendrochronology in archaeology’. Центарот за истражување на предисторијата има особена чест да биде домаќин на овој значаен настан, на кого ќе учествуваат археолози од повеќе земји, а коишто ќе ги споделат своите сознанија и искуства поврзани со населбите, предметите и животната средина во предисториските мочурливи и езерски предели. Последните предизвици и напредокот на археологијата ќе бидат претставени преку предавања, презентации и работилници, во кои учество ќе земат четириесетина делегати од Швајцарија, Русија, Украина, Франција, Германија, Холандија, Грција, Литванија, Словенија и Македонија. Ќе бидат презентирани бројни предисториски локалитети од Источна, Централна и Југоисточна Европа, со особен фокус на наколните населби, хронологијата, земјоделските заедници, подводната археологија, моделите на куќи, коскените алатки и конзервацијата. Ќе се одржат и работилници за дендрохронологија, со цел темелно да се прикажат предностите на овој научен метод преку негово вклучување во археологијата.
Настанот ќе се одржи на повеќе локации во Македонија и тоа во Музеј на Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Музеј на град Скопје, Завод и музеј – Битола и Милениум палас хотел. Подетални податоци за програмата и карактерот се поставени на веб страната: www.neenawameeting.cip-cpr.org