CV

CURRICULUM VITAE

ЉУБО ФИДАНОСКИ

Роден на 25.07.1980 година
Народен фронт 35-38
1000, Скопје, Македонија
Електронска пошта: fidanoskilj@yahoo.com

Работен однос:

Од март 2010 година вработен во Музеј на град Скопје на местото кустос за неолит, а од април 2014 година со звање виш кустос.

Образование:

• Магистер по археологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (Софија, Република Бугарија) (2006-2008)

магистерска теза: „Керамички садови од куќа 1 – хоризонт IV од неолитскиот локалитет Слатина – Софија“

ментор: проф. д-р В. Николов

• Дипломиран историчар на уметност и археолог на Универзитет Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет – Скопје (1999-2005)

дипломска работа: „Груба керамика од Церје – Говрлево, садови за секојдневна употреба од истражувањата 1983-1985 година“

ментор: проф. д-р Д. Митревски

Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје (1995-1999)

Работно искуство:

• Археолошки истражувања на ранонатичка некропола Бразда, проект на Музеј на град Скопје, под раководство на Л. Поповска, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (септември 2015 година).

• Археолошки истражувања на неолитскиот локалитет Тумба – Могила, проект на Универзитет Евро-Балкан во соработка со Универзитетот во Приморска, Научно-истражувачки центар во Копер, а под раководство на д-р Г. Наумов, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (јуни-јули 2014 година).

• Обработка на движниот археолошки материјал за целите на проектот: Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, во организација на Управата за заштита на културното наследство и Министерство за култура на РМ, во својство на соработник археолог (јули 2010 – декември 2013 година).

• Координатор на изложбата: Адам од Говрлево во Љубљана, проект на Музеј на град Скопје, Универзитетот во Приморска, Научно-истражувачки центар во Копер и Цанкарјев дом (Љубљана, Република Словенија) (октомври-ноември 2012 година).

• Изработка на апликацијата на Архео-астрономскиот локалитет Кокино за членство во листата на Светско културно наследство на УНЕСКО, во организација на Управата за заштита на културното наследство и Министерство за култура на РМ, во својство на раководител на стручен тим (јануари 2010, октомври 2010, март 2011 година)

• Раководител на археолошките истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево, во организација на Музеј на град Скопје (септември-октомври 2010 година).

• Археолошки истражувања на римскиот локалитет Скупи – источна некропола, проект на Музеј на град Скопје, под раководство на Л. Јованова, во својство на одговорен археолог за механизација (мај-јуни 2010 година).

• Изработка на Елаборат за валоризација на недвижно културно добро – споменичка целина Архео-астрономскиот локалитет Кокино, во организација на Управата за заштита на културното наследство и Министерство за култура на РМ, во својство на раководител на стручен тим (декември 2009 – јануари 2010 година).

• Археолошки истражувања на неолитскиот локалитет Хаџидимитрово (Република Бугарија), проект на Археолошкиот институт и музеј – Софија, под раководство на д-р В. Петрова, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (јули 2009 година).

• Археолошки истражувања на локалитетот Татиќев камен – Кокино, проект на Музеј на Куманово, под раководство на Ј. Станковски, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (мај-јуни 2009 година).

• Археолошки истражувања на локалитетот Скопска тврдина – Кале, проект на Управа за заштита на културното наследство, под раководство на проф. д-р Д. Митревски, во својство на соработник археолог – раководител на блок VIII (март-мај 2009 година).

• Археолошки истражувања на неолитскиот локалитет Оходен – Валога (Република Бугарија), проект на Регионален историски музеј – Враца, под раководство на Г. Ганецовски, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (јули 2008 година).

• Обработка на дел од археолошкиот керамички материјал од неолитскиот локалитет Слатина – Софија, под раководство на проф. д-р В. Николов, во својство на соработник археолог (август-септември 2007 година).

• Активно учество на „Летна школа за конзервација и реставрација на керамика – Каблешково“ (Република Бугарија), проект на катедрата за археологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски, под раководство на доц. д-р. П. Георгиева (јули 2007 година).

• Рекогносцирања на неолитските локалитети во Пелагонија, во организација на д-р К. Команж (C. Commenge) од Националниот центар за научни истражувања (Centre National de la Recherche Scientifique) (Република Франција), во својство на соработник археолог (јуни 2006 година).

• Француско-македонски проект: „Неолит во Скопската котлина, Тумба – Маџари“, во организација на Националниот центар за научни истражувања (Centre National de la Recherche Scientifique) (Република Франција), Филозофски факултет – Скопје и Музеј на Македонија, во својство на документатор, цртач и конзерватор на археолошкиот керамички материјал (април, јуни-јули 2005, февруари 2006 година).

• Археолошки истражувања на античкиот театар во Охрид, проект на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, под раководство на В. Маленко, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (мај-јуни 2005 година).

• Француско-македонски проект: „Неолит во Скопската котлина, Тумба – Маџари“, во организација на Националниот центар за научни истражувања (Centre National de la Recherche Scientifique) (Република Франција), Филозофски факултет – Скопје и Музеј на Македонија, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (септември-октомври 2004, септември-октомври 2005 година).

• Археолошки истражувања на локалитетот Нова Табла во Мурска Собота (Република Словенија), проект на Историскиот музеј на Мурска Собота во соработка со Универзитетот во Љубљана, археолошки оддел, под раководство на д-р Б. Ѓуриќ, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (јуни 2003 година).

• Словенечко-македонски проект: „Неолитска населба Церје – Говрлево“, проект на Музеј на град Скопје и Универзитетот во Приморска, Научно-истражувачки центар во Копер (Република Словенија), во својство на документатор, цртач и конзерватор на археолошкиот керамички материјал (април 2003 – јуни 2006 година).

• Археолошки истражувања на локалитетот Дебој во Охрид, проект на Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, под раководство на проф. д-р В. Битракова – Грозданова, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (јуни-август 2002 година).

• „Неолитска населба Церје – Говрлево“ – проект на Музеј на град Скопје, под раководство на М. Билбија, во својство на соработник археолог на теренските археолошки истражувања (септември-декември 2001, септември-октомври 2002, мај-јуни 2004, септември-октомври 2008, септември-октомври 2009 година).

Објавени трудови:

• Фиданоски Љ. 2013б. Раниот неолит во Македонија и Бугарија: географски релации и културни контакти. Славишки зборник, бр. 2. Крива Паланка. Градски музеј – Крива Паланка: 13-57.

• Фиданоски Љ. 2013а. Осврт на досегашните археолошки истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево. Културно наследство бр. 38 (2012). Скопје. Национален конзерваторски центар – Скопје: 7-23.

• Фиданоски Љ. 2012а. Церје – Говрлево и Милош Билбија. Скопје. Музеј на град Скопје.

• Фиданоски Љ. 2012б. Говрлево – исклучителен неолитски локалитет во Македонија. Во каталог: Адам од Говрлево во Љубљана. Љубљана – Скопје. Музеј на град Скопје: 12-15.

• Фиданоски Љ. 2011а. Археолошки истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево во 2004 година. Macedonia Acta Archaeologica 20. Скопје: 53-76.

• Фиданоски Љ. 2011б. Неолитски аскоси од Скопскиот регион. Macedonia Acta Archaeologica 20. Скопје: 77-90.

• Фиданоски Љ. – Томаж А. 2010. Под житните полиња: археолошки истражувања на неолитскиот локалитет Церје – Говрлево. Македонско наследство, година XIV, бр. 36-37. Скопје. Македонска цивилизација: 61-72.

• Фиданоски Љ. 2009а. Периодизација и хронологија на неолитските култури. Во Наумов Г., Фиданоски Љ., Толевски И. – Ивковска А. Неолитските заедници во Република Македонија. Скопје. Данте: 43-52.

• Фиданоски Љ. 2009б. Производство на керамички садови. Во Наумов Г., Фиданоски Љ., Толевски И. – Ивковска А. Неолитските заедници во Република Македонија. Скопје. Данте: 109-154.

• Фиданоски Љ. 2009в. Предмети од керамика, камен, коска, рог и школка. Во Наумов Г., Фиданоски Љ., Толевски И. – Ивковска А. Неолитските заедници во Република Македонија. Скопје. Данте: 159-168.

• Фиданоски Љ. – Толевски И. 2009. Природни и географски особености на релјефот. Во Наумов Г., Фиданоски Љ., Толевски И. – Ивковска А. Неолитските заедници во Република Македонија. Скопје. Данте: 11-16.

• Фиданоски Љ. 2007. На запад нешто ново. Македонско наследство, година XI бр. 31. Скопје. Македонска цивилизација: 19-25.

• Фиданоски Љ. во подготовка. Доме слатки доме: неолитски архитектонски остатоци од Церје – Говрлево, Република Македонија (Home Sweet Home: Neolithic Architectural remnants from Cerje – Govrlevo, Republic of Macedonia). Analele Banatului XXIII.

• Фиданоски Љ. во подготовка. Протоматематика во македонскиот неолит 1. Во Наумов Г. и Фиданоски Љ. (уред.) Неолитот во Македонија.

• Фиданоски Љ. во подготовка. Археолошки истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево во 2010 година. Macedonia Acta Archaeologica 22.

• Фиданоски Љ. во подготовка. Археолошки истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево во 2008 и 2009 година. Macedonia Acta Archaeologica 21.

Членство во здруженија и научни организации:

Член на Македонското археолошко научно друштво.

Член на Центарот за истражување на предисторијата.

Учество на научни собири и други активности:

• Учесник на конференцијата „Неолитот во Македонија“, во организација на Центар за истражување на предисторијата – Скопје и НУ Археолошки музеј на Македонија, во Скопје, со реферат на тема: Протоматематика во македонскиот неолит 1 (декември 2015 година).

• Учесник на предавања за неолитот во чест на д-р Драгиша Здравковски, во организација на НУ Археолошки музеј на Македонија, во Скопје, со реферат на тема: Церје – Говрлево: неолитска населба на крстопат меѓу Анзабегово-вршничката и Велушко-породинската култура (октомври 2015 година).

• Учесник на документарната емисија „Талкачи“ на МРТ, „Говрлево“ (март 2015 година).

• Учесник на интернационалната археолошка конференција: “Settlements, culture and population dynamics in Balkan prehistory”, во организација на Хаемус – Центар за научно истражување и промоција на културата и Музеј на град Скопје, во Скопје, со реферат на тема: Тоа е птица… Тоа е сад… Тоа е аскос: Еден специфичен тип керамички садови од
балканскиот неолит (It’s a bird… It’s a pot… It’s an askos: One specific vessel type from Balkan Neolithic) (март 2015 година).

• Учесник на интернационалната археолошка конференција: “One Step Beyound” во организација на Г. Наумов, во Скопје, со реферат на тема: „Еден видоизменет пристап во анализата на формата кај керамиката: Стандардизација на неолитска керамика со примери од Македонија (А Modified Approach in Pottery Form Analaysis: Standardization of Neolithic Pottery with Examples from Macedonia) (јануари 2015 година).

• Учесник на семинарот: Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина во Крива Паланка, со реферат на тема: „Раниот неолит во Македонија и Бугарија: географски релации и културни контакти“ (септември 2013 година).

• Учесник на XXII-иот симпозиум на МАНД во Дојран, со реферат на тема: „Истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево во 2010 година“ (октомври 2012 година).

• Учесник на XIX-тиот неолитски симпозиум во Љубљана, со реферат на тема: „Куќи и домаќинства од неолитскиот локалитет Церје – Говрлево“ (ноември 2011 година).

• Учесник на XXI-иот симпозиум на МАНД во Струмица, со реферат на тема: „Истражувања на неолитската населба Церје – Говрлево во 2008 и 2009 година“ (октомври 2010 година).

• Учесник на XX-тиот симпозиум на МАНД во Кичево, со реферат на тема: „Живи суштества од глина: неолитски аскоси од Скопскиот регион“ (октомври 2008 година).

Познавање на странски јазици:

Одлично пишување, говорење, разбирање и изговор на англиски јазик.

Компјутерски вештини:

Adobe Photoshop, Microsoft Office.

Возачка дозвола:

Б категорија

Хоби:

Активно занимавање со фотографија (полуфиналист на натпревар за професионална фотографија – Hasselblad Masters Awards 2008).