-„Македонските бронзи“ и религијата и митологијата на железнодобните заедници од средниот Балкан
– Семиотика на праисториските артефакти
– Обредизирано производство во архаичните култури

CV

Име: Никос Чаусидис
1959 – Роден е на 17. јули во Ташкент, поранешен Советски Сојуз.
1984 – Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија..
1992 – Се здобил со звањето магистер на археологија (магистерски труд под наслов “Паганската религија на Јужните Словени и нејзиниот одраз во нивната материјална култура” одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија).
2002 – Се здобил со звањето доктор на археологија (наслов на дисертацијата: Рано-средновековните двоплочести фибули и претхристијанската духовна култура на Словените” одбранет на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија).
Од 1986 година работи на овој институт, најпрво како асистент, а подоцна како доцент и професор. Држи настава на Филозофскиот и Филолошкиот факултет по предметите: – Ликовна семиотика; – Музеологија; – Занаетчиски технологии и конзервација; – Археологија – општ курс; – Историја на културата на Македонија.
Бил раководител и соработник на повеќе истражувачки проекти од областа на археологијата етнологијата и антропологијата. Учествувал на повеќе научни симпозиуми и конгреси со државен и меѓународен карактер. Во своите истражувања се фокусира пред се на транспозициите на симболот митот и религијата во визуелните и ликовните медиуми и тоа особено во рамките на праисториските и средновековните пагански традиции на балканските и словенските популации.
Автор е на следните монографии:
– Митските слики на Јужните Словени, Скопје (Мисла), 1994;
– делот Предисторија, во монографијата: Македонија – културно наследство, Скопје, 1995 (англиско издание: Prehistory // Macedonia – cultural heritage);
– Стручен раководител и коавтор е на мултимедијалниот компакт диск Македонски дрвености, Скопје (Еин-Соф), 1999 година (англиско издание од 2000 г.: Macedonian Antiquities);
– Дуалистички слики: богомилството во медиумот на сликата, Скопје (Ник Лист), 2003;
– Космолошки слики: симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум, Скопје: Н. Чаусидис, 2005;
– Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија, Скопје: Магор, 2011 (во коавторство со Г. Наумов);
– Музеологија, Скопје: Филозофскси факултет, 2012 (универзитетски учебник);
– Проектот Скопје 2014: скици за едно наредно истражување, Скопје: Н Чаусидис, 2013 (електорнско издание).
Автор е на над 100 научни публикации, објавени во стручни списанија и зборници во Македонија и странство.