European Science Diver 2017

21.08.2017

Завчера на Охридското Езеро го почнавме курсот European Science Diver во кого археолози од повеќе европски земји ќе се стекнат со највисоката лиценца за подводни истражувања. Инструктор на овој курс е истакнатиот германски нуркач и археолог Мартин Мајнбергер којшто во следните четири недели ќе ги обучува оние што веќе имаат искуство со подводната археологија.

Во рамки на курсот ќе се направи и мало истражување на наколната населба во Заливот на Коските и ќе се одржат повеќе предавања за предисторијата во Македонија. Ни преставува особена чест што може да бидеме организатори на најврвната обука во сферата на подводните истражувања и веруваме дека од неа ќе произлезат одлични нуркачи и археолози верификувани од Комитетот за европско научно нуркање.